Полицијата во Јамајка има необичен случај. Некој ја украл цела плажа на северната страна на островот. Плажата во „Coral Springs“ е една од најубавите на островот. Полицијата смета дека 400 метри од плажата се украдени со камиони, а крадците би можеле да бидат конкуренти во туризмот. Некои ја обвинуваат и полицијата за заташкување.


„Ова е многу комплициран случај. Исто така некои се сомневаат и дека полицијата е вмешана во кражбата на песок.“ – рекол заменикот на командирот, Марк Шиделс.