Утрово на бул. „Туристичка“ украден е мотор „Пјаџо Беверли“ – 500 кубни сантиметри, бордо боја, со бугарски регистарски таблички во сопственост на жител од Охрид. Кражбата е пријавена во охридската полиција која трага по сторителите, кои се снимени на безбедносните камери од околните објекти како го напуштаат местото со украдениот мотор.

Сопственикот апелира до граѓаните доколку имаат било каква корисна информација во врска со случајот или ги препознаваат сторителите, да ја информираат полицијата. Тој вети и награда за информација која ќе помогне да се најде неговиот украден мотор.

OhridNews