Полицијата трага по двајцата измамници кои со незаконска продажба на станови оштетиле најмалку дваесет охриѓани. Полицијата го товари Милчо Најдески, сопственик на фирмата “Центар НМБ“ ДООЕЛ –Охрид, дека сторил кривично дело “измама“ , во што му помогнала бугарската државјанка Јулијана Антова која се сомничи за кривично дело “помагање“.
Осомничените се товарат дека незаконски продавале еден стан во новоизградена зграда на ул. “Димитар Влахов“ на повеќе сопственици и со вешта измама оштетиле 20 граѓани за близу 300.000 евра.
Неофицијално се дознава дека аферата тежи многу повеќе бидејќи по објавувањето на информацијата во медиумите во СВР – Охрид се пријавиле уште оштетени граѓани, а измамени купувачи имало и во други две згради во Охрид.
Осомничените се недостапни за органите на правдата и по нив е распишана меѓународна потерница. Неофицијално се дознава дека и двајцата осомничени се наоѓаат надвор од Македонија.
ohridnews