Парис Хилтон и нејзиното момче Даг Реинхарт наводно урлале и се туркале еден со друг, поради што соседите повикале полиција да интервенира пред патот на нејзината куќа, каде што се одвивала кавгата.


Полицијата добила дојава за кавга помеѓу пијани лица, а една од верзиите вели дека Даг наводно сакал да влезе во својот автомобил и да тргне по својот пат, но Парис во тоа го спречила. Потоа настанала голема кавга. Парис, пак за медиумите тврдела дека станува збор за обични трачеви на медиумите и дека нејзините односи со момчето се во најдобар ред.