Кинеската полиција уапсила тројца шверцери и спасила околу 3 600 загрозени сијамски крокодили наменети за рестораните.
Во камионите што ги пресретнала полицијата, после анонимна дојава, имало 3 619 крокодили, со вкупна тежина поголема од 16 тони, од кои 42 биле умрени поради дехидрираност и големата топлина. Останатите моментално се лекуваат кај ветеринар.

Полицијата изјавила дека шверцерите планирале да ги продадат во рестораните кои подготвуваат специјалитети од крокодили, кои се сметаат за деликатес. Сепак главната причина поради која луѓето ги јадат, е бидејќи сакаат да пробаат нешто ново.
-Потребно е да се проверат сите ресторани и хотели и сите состојки кои ги употребуваат, и да се извести јавноста како се снабдуваат. Иако луѓето знаат дека е нелегално да се јадат овие диви животни, тие ќе го прават тоа се додека има место на кое се продаваат. Потребна е долготрајна кампања со која ќе им се објасни на луѓето зошто да не ги јадат крокодилите – изјавил претседателот на организација која се занимава со заштита на природата и животните.