Полицијата во Детроит два пати за филмските екипи, кои снимале сцени со оружје, помислила дека се криминалци. Во обата случаи филмските работници заборавиле да побараат дозвола за снимање од градските власти. Најновиот случај бил кога актерите со лажно оружје во рацете тргнале да упаднат во една куќа.


Тогаш се појавиле полицајците со вистинско оружје и им наредиле да го фрлат оружјето и да легнат на земја. Четиричлената екипа која го снимала филмот се нашла на суд поради поседување и употреба на лажно оружје. За овој прекршок би можеле да бидат казнети со 90 дена затвор и парична казна од по 500 долари. Од компанијата која го снимала филмот соопштиле дека не знаеле оти е потребна дозвола за снимање на приватен имот.