Сиромашниот 49 годишник украл гуска. Сакал да го прослави својот роденден со нормален оброк. Немал пари и живеел во запуштен дом. Тајванската полиција го фатила и го однела во притвор. Таму, на негово изненадување му приредиле вистинска роденденска забава со гуска и торта. Човекот не можел да верува.


„Украде гуска за да го прослави роденденот. Ние го уапсивме па одлучивме да му приредиме роденденска забава“ – рекол началникот на полицијата Хисао Чи.

Крадецот сепак ќе мора да оди кај истражен судија поради стореното дело.