Шведските полицајци кои одговориле на пријава на 11-годишно момче за можна провала на крајот му помогнале да ја напише задачата по математика, јавуваат шведските медиуми. Полицијата од Стокхолм соопштила дека момчето било само дома кога ги повикало и пријавило дека слушнало силен удар и дека можеби провалник влегол во куќата.
На службениот полициски профил на Твитер било соопштено како момчето кое било само дома мислело дека влегол провалник. Се покажало дека не бил во право, но бил уплашен и патролата останала со него и му помогнала со домашната задача по математика. Поливајците не сакале да го остават момчето само па останале со него додека не дошла неговата мајка.