Швајцарските власти се немоќни против двајцата идентични близнаци Харолд И Мајкл Ленген. Возејќи низ градчето Винтертур браќата само минатата година добиле 29 казни за паркирање.


Бидејќи автомобилот е заеднички, секогаш на суд тврделе дека автомобилот го возел другиот и се извлекувале. Полицијата не може да смета ниту на камерите бидејќи тие се идентични и не можат да знаат кој е зад воланот во тој момент.