Собранието на Република Македонија вчеравечер ги изгласаа измените во Законот за полиција со кои се дозволува употреба на гумени куршуми за спречување инциденти во случај на поголемо насилство на протести.
Според написите во националните медиуми, со измените се предвидува полицијата за разбивање на демонстрации освен гумени куршуми да може да користи и електрични парализатори и шок бомби, покрај досегашните средства кои ги имаше на располагање.
На полицијата, со новите измени на Законот, и се дозволува да врши и видео надзор во постапките со граѓаните, а снимките би ги користела доколку граѓаните се пожалат дека полицијата незаконски постапила кон нив.
OhridNews