Здружението на раководители на полицијата во Англија издало прирачник за возење на полициски велосипед во два тома на 93 страници. Прирачникот чинел неколку илјади фунти и им овозможува на полицајците кои ќе го прочитаат целосно потполна контрола над балансирањето, запирањето и симнувањето од велосипедите.
Исто така содржи и упатства како да се кочи или да се заобиколуваат препреки на патот. Другиот дел од книгата содржи информации за тоа како да се постапува на крстосници и како да се врти. Некои сметаат дека ова е губење на времето на полицајците и беспотребно трошење на пари од буџетот.