Со цел намалување на нарушувањата на јавниот ред и мир со неовластено пукање од огнено оружје на свадби и други семејни веселби, СВР Охрид ке иницира проект со широк спектар на превентивно-репресивни мерки согласно постојните законски правила и прописи.

Проблемот со неовластеното пукање од огнено и друго оружје, како и опасностите од тоа, најнапред ке бидат актуелизирани во координација со Локал- ната самоуправа и Локалните совети за превенција, подрачните единици на повеќе Министерства, Советодавните групи на граѓани, Невладините организации, Здруженија на граѓани и други асоцијации. Покрај ова, превентивниот сегмент ке содржи и интензивен контакт со сопствениците на угостителските објекти, со другите хотелско-туристички  работници но и со организаторите на семејните прослави. Во таа насока, низ непосреден контакт и со едукативно-промотивен материјал, ке бидат посочувани несаканите последици од неовластеното пукање како и законските санкции согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и одредбите на Кривичниот законик на РМ.

Инаку, според евиденциите на СВР Охрид, од почетокот на оваа година, регистрирани се пет, додека во текот на цела 2008 година вкупно 10  нарушувања на јавниот ред и мир со неовластено пукање од огнено оружје. Против сторителите, поднесени се соодветни пријави и одземање на оружјето со кое го сториле неовластеното пукање.

Ohridnews