Полицијата во Австралија запрела еден возач кој држел по еден мобилен телефон во двете раце, а управувачот го вртел со нозете. Полицајците во цивилно возило им се јавиле на своите колеги во Мелбурн и им кажале за возачот кој возел лево десно по траките од автопатот.


Полицијата не го открила неговото име, но го казниле за опасно возење со 300 долари. На полицијата и изјавил дека пренесувал информации од едниот на другиот телефон и дека еден прст држел на управувачот.