Контраверзната актерка со своето неодговорно и диво однесување во последно време се повеќе ги загрижува семејството и пријателите. Се плашат дека лудите ноќни забави би можеле да ја уништат. Американските медиуми пренесуваат и дека полицијата сериозно размислува да ја одведе на рехабилитација.
Редовно ја посетуваат и ја проверуваат. Велат дека нејзината здравствена состојба е се полоша и полоша. Пејачката во пијана состојба неодамна паднала на кактус пред својата куќа во Лос Анџелес. За падот ги обвинила високите потпетици.