Непосредно пред пристигнувањето на делегациите учеснички на Самитот на претсдатели на државите од Централна Европа, во Охрид течат последните организациски подготовки. Паралелно со дотерувањето на градот и подготовката на хотелите, протоколот и полицијата ги увежбуваат мерките на безбедност при спроведување на делегациите, а специјалните единици од вода, воздух и на земја преземаат посебни мерки на безбедност.
подигнато нивото на безбедност во Охрид
За сигурноста на учесниците на самитот (17 претседатели на држави) ќе се грижат 2-3000 полицајци. Во периодот на пристигнување и движење на делегациите во одредени делови од градот на сила ќе биде посебен режим на сообраќај, а пристапот до х. Инекс каде ќе се одвива пленарната расправа на самитот ќе биде строго ограничен. Дел од учесниците денеска ќе пристигнат на охридскиот аеродром, а дел доаѓаат утре. Во нивна чест претседателот Црвенковски ќе приреди неформална вечера со што неофицијално ќе започне Самитот на претседатели.
ohridnews