Изутринава околу 5 часот локалната полиција од Беверли Хилс по претходна пријава присилно и на носилка ја изнела Бритни Спирс од нејзината куќа и ја одвела во душевна болница. На сето ова му претходел инцидент поради кој нејзината куќа била опколена со голем број полициски автомобили и противпожарно возило.
Бритни Спирс одбила да го изврши судскиот налог и да ги предаде синовите на нивниот татко Кевин Федерлајн.Еден од сведоците ситуацијата ја опишал како „застрашувачка“. Бритни наводно била под дејство на „непозната супстанца“. Џејсон Ли портпарол на локалната полиција вели дека повикот го добиле во 5 часот изутрина и дека два часа подоцна нивните службеници се уште биле на местото на настанот.
Бритни со полициска асистенција заврши во душевна болница
Неколку часа подоцна Шон Престон и Џејден Џејмс Федерлајн ги превземал нивниот татко и како што се наведува, децата се добро.
Јасмина Т. Момироска