Познатата британска манекенка Кејт Мос била изведена од страна на полицијата од еден авион кој летал за Лондон поради, како што објасниле, непримерно однесување за време на летот. Како што пренесуваат странските медиуми, полициската патрола сочекала авионот да се спушти на аеродромот во Лондон, по што полицајците ја извеле манекенката која направила ексес во авионот.
Меѓутоа, славната манекенка не била уапсена. Еден од полицајците кои се нашле на лице место објаснил дека ги повикале да изведат непослушен патник од авионот кој летал од Бодрум, Турција. Меѓутоа, не постоела никаква основа да ја уапсат манекенката, по што таа била ослободена.