Во текот на 2007 година, Управниот одбор на претпријатието по распишан јавен повик за набавка на мермер ја избрал фирмата „Крин КГ „ДОО од Прилеп, по што пријавениот и овозможил на фирмата „Крин“ да врши набавка на мермер по цени повисоки од договорените. На овој начин пријавениот и овозможил на фирмата да се стекне со противправна имотна корист од 2.057.225 денари, додека штетата на ЈП „Охридски Комуналец“ дополнително ќе биде утврдена, соопшти МВР.
извор: МВР