Јапонската полиција станала жртва на измама откако заклучилa дека телото што го пронашлa, всушност е кукла во природна големина. Детективите после многубројни повици дошле да го испитаат случајот во шумата во Изу. Телото било обвиткано во темно зелена вреќа за спиење.


За да не ги уништат доказите, телото го однеле директно во полициска станица на обдукција. Но, откако лекарот ја тргнал вреќата виделе дека станува збор за кукла со природна големина и смеѓа перика. Била облечена во кошула и здолниште. Полицијата испитува дали има уште жртви од оваа измама.