Полицијата има осомничен за убиството на заменик директорот на Управата за јавни приходи на Република Македонија, Аргетим Асани, кој беше застрелан денеска во центарот на Струга.
Од СВР Охрид информираат дека попладнево било повикано лице за кое постојат основи на сомнение за сторено кривично дело убиство, случено денес во Струга.
-Со ова лице во тек е разговор во однос на можната поврзаност со убиството во Струга.-изјави за OhridNews портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
Неофицијално осомничениот сам се предал на полицијата. Неговиот идентитет, возраст, како и место на живеење, засега официјално не се соопштуваат, но се дознава дека станува збор за 23 годишниот А.К..
OhridNews