Воениот ветеран Волтер Мартин и неговата сопруга Роуз во изминативе осум години имале околу 50 полициски посети. Полицајците, од неразјаснети причини, барајќи криминалци секогаш доаѓале до нивната адреса. Се почнало во 2002 година, пет години откако ја купиле куќата во Марин Парк во Бруклин. Тогаш почнале да добиваат пошта, судски документи и налози за апсење наменети за некој непознат пар.
Набрзо и полицајци од разни делови на Њу Јорк започнале да одат во нивната куќа во потрага за осомничени за кражби и убиства. Се обратиле до градоначалникот и полицискиот комесар, но не успеале никако да ги спречат несаканите посети на полицајците. И од полицијата не знаат точно за што станува збор, и моментално ја испитуваат можноста за кражба на идентитетот или лажни пријави за местото на живеење.