Полицијата од Ланкашир им поделила ДВД на учениците за да научат како да препознаат потенцијален терористички напад. Анимираните животни ќе ги учат малите Британци на опасностите од тероризам. Полициската единица за спречување насилен екстремизам се надева дека така ќе ги научат за териризмот на прифатлив начин.
Децата ги охрабруваат да ги известат надлежните ако помислат дека некој во училиштето има екстремни погледи. Анимираниот лав објаснува дека терористите можат да изгледаат како нормални луѓе.