Во пресрет на главната туристичка сезона, Секторот за внатрешни работи Охрид, организира состанок со сопствениците на угостителските објекти од подрачјето на Општина Охрид.

На состанокот, најавен за денеска, ќе бидат изнесени  забелешките и ставовите на полициските службеници за неопходноста од почитување односно придржување  до одредбите на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, гласната музика, забрана за задржување на малолетници во угостителски објекти после 24 часот, забрана за точење алкохол на малолетници, законските последици за непријавување на нарушен јавен ред и мир како и други законски одредби. Исто така, ќе бидат ислушани и разгледани  мислењата односно предлозите на сопствениците и претставниците на угостителските објекти, соопшти СВР Охрид.

Учество на состанокот ќе земат претставници на СВР Охрид, на Државниот пазарен инспекторат и на други инспекциски служби при Општина Охрид, претставници на инспекторатот за заштита на животната средина  и други.

Ohridnews