Вчера утро во 04,00 часот во ПС-Охрид, 25-годишна охриѓанка пријавила дека за време на забава во угостителски објект еден од пријателите со кои била се качил на маса по што двајца членови на обезбедувањето го исфрлиле надвор, по што неколку други лица физички го нападнале другиот нејзин пријател нанесувајќи му повреди од кои тој подоцна паднал во бесознание. Тој бил пренесен во општата болница каде му била укажана помош. Охриѓанката која го пријавила случајот исто така на сила била исфрлена од објектот.

Од СВР Охрид велат дека веднаш биле преземени мерки за расчистување на инцидентот и идентификација на учесниците.

Полицијата работи на расчистување на уште еден инцидент од вчера утро. Имено, околу 4 часот утрото на бул.„Туристичка“ во правец кон Струга, тројца млади од Порој и струшко Радолишта кои се превезувале со возило„БМВ“, биле пресретнати од друго возило „Пежо 306“, од кое излегле неколку лица и почнале да удираат со нозете по возилото, по што си заминале. По настанот, нападнатите продолжиле кон Струга, каде на клучката на излезот од Охрид биле пресретнати и сопрени од истото возило од кое излегле 6 непознати лица на возраст од 18-25 години и повторно почнале да удираат со нозете по возилото, ги отвориле вратите и физички ги нападнале удирајќи ги со раце и нозе, а едно од лицата извадило нож и на еден од нападнатите му нанело рана на левата страна на половината, по што напаѓачите избегале.

На повредените им е укажана лекарска помош во болницата во Струга, од каде настанот бил пријавен во Полициската станица-Струга. СВР-Охрид веднаш презел мерки за идентификување на напаѓачите, повеќе лица била повикани на информативен разговор, а по завршување на истрагата против инволвираните во инцидентот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

OhridNews