Рик Вилијамс, шерифот на Беј Каунти, во саботата го уапсил Дени Жан Татум, сопственик на дебело полициско досие, кој тврдел дека е борец против криминалот. Бил уапсен додека спиел во своето комбе, а покрај него во комбето нашле пила, двоглед, црни ракавици и неколку ножеви.
Кога полицијата го запрашала за неговата професија, одговорил дека е скитник од плажата. На прашањето зошто ги поседува работите кои ги нашле во комбето, во доверба им одговорил дека е како Бетмен и дека полицијата веќе еднаш го уапсила, но подоцна го ослободила поради неговата опрема за борба против криминалот. Полицијата најпосле го уапсила поради провала, откако продолжил да лаже дека куќата во која провалил е неговата тајна база и дека сопственикот му дозволува да се крие во неа.