По преземени интензивни мерки, полициските службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Охрид, го пронајдоа возачот на патничко моторно возило кој  по случена сообраќајна незгода и удар во пешак го напуштил местото на настанот, соопшти СВР Охрид.

Сообраќајната незгода се случила на ден 19.04.2009 година во 21 часот и 30 минути, на улицата „Даме Груев“ кога патничко моторно возило непозната марка удрило во пешакот Т.А. родена 1925 година од Охрид по што го напуштило местото на незгодата и повредениот пешак.

Се работи за лицето Н.Т. роден 1992 година од Охрид и за патничко моторно возило марка „Рено-9“ кое Н.Т. го управувал без положен возачки испит но и со неприлагодена брзина према условите и состојбите на патот. Притоа тој удрил во пешакот Т.А. која веднаш е пренесена во Општата болница во Охрид а потоа пуштена на домашно лекување.

Против возачот на патничкото моторно возило, ке биде поднесена соодветна пријава.

извор: СВР Охрид

Ohridnews