Полицијата го пронајде скутерџијата кој повреди девојче
03.08.09 00:26
Поради основано сомнение дека се сторители на едно кривично дело „Попречување на службено лице во вршење службени дејствија“ Полициската станица Струга при СВР Охрид, поднесе кривична пријава против лицето Д.Б. роден 1962 година од селото Велешта и неговиот син Е.Б. роден 1985 година. Полициската станица Струга, кривична пријава поднесе и против лицето Ј.Н. роден 1983 година од Струга поради основано сомнение дека сторил едно кривично дело „Предизвикување општа опасност“. Лицата се лишени од слобода и во текот на вчерашниот ден требаше да бидат предадени во Основниот суд во Струга.
На ден 01.08.2009 година, околу 17.15 часот,на плажата „Блу скај“ во Струга, пријавениот Ј.Н. управувајки скутер удрил во лицето М.Р. родена 1995 година која пливала во езерото по што го напуштил лице местото. Таа е пренесена во медицинскиот центар во Струга каде се констатирани лесни телесни повреди во пределот на главата.
Непосредно по незгодата, полициски службеник вработен во МВР на РМ, легитимирајки се, се обидел да го задржи возачот на скутерот но при преземање на службените дејствија бил спречен од Д.Б. и неговиот син Е.Б. кој, при расправијата со полицискиот службеник извадил нож.
По преземените оперативни мерки, полициските службеници го пронајдоа возачот на скутерот кој со помош на Д.Б. и Е.Д. брзо ја напуштил плажата „Блу скај“.
Општина Охрид објави Јавен повик за субвенционирање на дефицитарни занаети и занаети кои бележат намалување на активностите во континуитет на подрачјето на Општина Охрид, согласно Програмата за под...
Поради интервенција на водоводната мрежа, денес од 09:30 часот ќе има повеќечасовен прекин во водоснабдувањетo на улиците: „Македонски Просветители“ (на потегот од ЕВН до пожарна), дел од Бул„Турис...
Охрид, како најголема туристичка дестинација во нашата земја, одамна има потреба од регулиран паркинг за автобусите Заедно со недостигот на ефикасен колекторски систем, катни гаражи, марина и јавни...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.