Жената која синоќа околу еден часот била пријавена за исчезната, патрола на Езерската полиција ја пронашла утрово во 10.30 часот жива на околу еден километар оддалеченост од брегот, во водите на Охридското езеро наспроти комплексот Инекс Горица, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
– Патролата го забележала лицето во вода, пристапила и започнала со процес на пренесување во патролен чамец, при што беше организирано и доаѓање на екипа на Итната помош на која подоцна им е предадено лицето. Во текот на денот ќе бидат обавени разговори од кои треба да се утврдат околностите кои му претходеле на целиот настан, рече Димоски.
Жената била во контактибилна состојба. Дополнително ќе се утврдува дали лицето по кое се трагаше било во вода за целото времетраење на потрагата.
OhridNews