Секторот за внатрешни работи Охрид на новогодишна средба во кафе „Ликвид“ го собра охридските новинари. На средбата на која присуствуваа началникот на СВР Охрид, Стефан Буџакоски и портпаролот на охридската полиција, Стефан Димоски, беше истакната добрата соработка на полицијата со медиумите. При тоа од страна на полицијата беше изразено задоволство од начинот на кој медиумите ги третираат настаните кои ги регистрира СВР Охрид.
– На тој начин и најдобар начин се демантираат оние „извори на информирање“ кои се обидуваат на одреден кивично-казнен настан случен на нашето подрачје да му дадат друга конотација, истакна портпаролот Димоски, најавувајќи дека Полицијата и во 2010 година ќе биде отворена за соработка со медиумите, со цел јавноста да биде објективно информирана за случувањата на подрачјето кое го покрива СВР Охрид.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com