Во текот на изминатат недела на подрачјето на општина Охрид регистрирани се 6 кражби од кои 3 тешки, две измами, два случаи на фалсификување пари и едно кривично дело одземање на моторно возило, соопшти СВР Охрид.
На 16 март од страна на овластени службени лица откриени се две лица, едното од Охрид, другото од Скопје, сторители на кривично дело тешка кражба од ресторан “Вулкан“ во Косел.. Лицата се приведени во СВР Охрид и против нив е поднедена кривична пријава.
Јавниот ред изминатата недела бил нарушен во 7 случаи а полицијата поднела 14 прекршочни пријави. Полицијата рефгистрирала и два пожари, едниот на сува трева кај Починка, а другиот на поткровле од куќа на улица Бистрица.
Во овој период на подрачјето на општина Охрид се случила една покарактеристична сообраќајна несреќа при што две лица се здобиле со лесни телесни повреди, соопшти СВР Охрид.