Финската полиција го фатила крадецот благодарение на примерок од ДНК од неговата крв пронајдена во комарец кој го каснал на местото на злосторот. Автомобил, украден во близина на Хелсинки, бил пронајден покрај железничката станица, 25 километри од местото каде што бил украден.
„Полицајците го прегледаа автомобилот и во него пронајдоа комарец полн со крв. Комарецот беше испратен во лабараторија на анализа која покажа дека крвта е од маж кој веќе има полициско досие“ – рекол инспекторот Сакари Паломеаки.
Паломеаки додал дека државниот обвинител ќе одлучи дали доказот е доволно цврст за да се подигне обвинение.
Финската полиција наведува дека ретко се користи со инсекти за решавање на злосторства, но истакнува оти е заинтересирана за сите видови траги од местото на злосторот.