Кинеската полиција чекала два дена пред куќата на осомничениот за да не му ја уништат свадбата. Полицајците од градот Сањинг рекле дека сакале да ја поштедат од срам невестата и фамилијата пред бројните гости.
Ленг Гианг полицијата го барала две години поради грабеж на ноќен клуб. Кога дознале каде се наоѓа, пред куќата се спремала свадба. Ги оставиле младенците да се венчаат и да ја преспијат првата брачна ноќ, но утрото влегле во куќата и го однеле несреќниот младоженец во притвор.