Со приближувањето а новогодишните и божиќните празници станува актуелна употребата на пиротехнички средства, најчесто петарди, информира СВР Охрид. Оттаму предупредуваат дека истите според член 8 од Законот за заштита од експлозивни материи, се квалификуваат како експлозивни материи, со кои промет  единствено можат да вршат претпијатија кои се регистрирани за таква дејност.

Полицијата опоменува дека против сите граѓани кај кои ќе бидат пронајдени петарди и други пиротехнички средства ќе бидат поднесени соодветни прекршочни пријави.

И покрај постојаните апели на полицијата и другите надлежни органи, деновиве во Охрид се почесто се слуша звукот на петарди, а како се доближува Новата година така е и позачестена употребата на пиротехничките средства.

Г.М.