Двајца полицајци упаднале во куќата на актерот Рајан Рејнолдс, мислејќи дека во неа се наоѓаат крадци, меѓутоа, се воспоставило дека во прашање била само лажна тревога. Кога полицијата примила вест дека во куќата на Рајан Рејнолдс се активирал тивкиот аларм, без размислување побрзале на лице место, мислејќи дека актерот е во невојла.
Меѓутоа, кога пристигнале, полицајците не пронашле никој освен самиот Рејнолдс, кој бил изненаден од нивното појавување. Се воспоставило дека алармот случајно се активирал и дека на актерот не му се заканувала никаква опасност. Извор близок на актерот открил дека тој бил многу фин со полицајците и дека им се извинал што морале да доаѓаат без причина.