Полицијата во Букурешт трага по таинствената стриптизета која своите секси точки ги изведува на шипка во возовите на подземната железница. Патниците ја опишуваат стриптизетата како убаво облечена атрактивна млада девојка. Се претпоставува дека е студентка а дека е згодна покажуваат и сликите од мобилниот телефон на еден од патниците. Нејзина специјалност е танцување на песната од Том Џонс You Can Leave Your Hat On, која свири на МП3 додека таа полека се соблекува танцувајќи на шипка. Потоа повторно се облекува и поминува крај патниците да ја наградат за трудот.
„Не можам да кажам дека не ми се допадна претставата, но беше малку невообичаено. Во возот имаше и многу деца, па мислам дека не избра баш вистинско место за својата претстава“ изјавил еден од патниците.
Портпаролот на полицијата вели дека на девојката и се заканува казна за разголување на јавно место и за собирање пари за тоа ако ја фатат на дело. Полицијата се труди да ја фати, но таа очигледно избира возови без чувари и надзорни камери.