Љубовна двојка во Шведска ја зачиниле својата сексуална игра со помош на „лисици“, но при тоа го загубиле клучот, па полицијата морала да интервенира, пренесува „Макфакс“.
„Беше тешко да се воздржиш од смеење, особено што тоа беше крај на мојата ноќна смена. Ова е една од најчудните работи на кои сум присуствувал како полицаец“, вели полицаецот Мартин Ферм за Стоцкхолм Директ.
Полицијата била повикана во стан во Тоби, северно од Стокхолм, околу 5 часот наутро во саботата.
Според Ферм, едниот партнер бил „горд“ на ситуацијата, а другиот „посрамен“.
Не е прв пат да се случи вакво нешто во Шведска.
„За вакви случаи бевме предупредени на полициската академија и сигурно ќе се случи повторно“, вели полицаецот.
Иако не се знае што ја инспирирало двојката да се одлучи на ваква сексуална игра, сепак, продавниците за секси играчки во Шведска по излегувањето на филмот ‘Fifty Shades Darker’ овој месец бележат раст на продажбата до 71 отсто во првата половина од февруари.
OhridNews
извор: „Макфакс“