Две калуѓерки ја тужат полицијата во градот Долорес, бидејќи како што навеле, полицајците ги натерале да ја соблечат облеката за да утврдат дали навистина се работи за жени.

Полицајците ги сопреле калуѓерките кои од минувачите барале милостиња.


„Полицајците кои ги сопреле им наредиле да ја соблечат облеката како би утврдиле дека навистина се жени“ – навела претставничка од обвинителството.

Според нејзините зборови, калуѓерките веднаш биле ослободени и за кратко време поднеле тужба против полицајците за злоупотреба на службените овластувања.