Полициите на Македонија и на Австрија ќе соработуваат во борбата против организираниот криминал и корупцијата. Ова во Охрид го договорија министрите за внатрешни работи на Македонија и на Австрија, Гордана Јанкулоска и Гинтер Платер.
Како што бече соопштено, станува збор за договор за операционализација на политичката волја за соработка меѓу полициите на двете земји.
министерката Јанкуловска со својот тим
Министрите за внатрешни работи на двете земји постигнаа согласност за потпишување договор за соработка и во борбата против трговијата со луѓе и со наркотици, како и против илегалната миграција.
Детаљите за соработката ќе се договараат дополнително.
Г.М.