Полицајците од Непал се приморани да одат на часови по јога за да бидат во форма, но и за да истенчат својата фигура. Во полицијата во Катманду е донесена ваквата одлука откако се утврдило дека дел од припадниците на полицијата имаат прекумерна тежина и не можат ефикасно да ја извршуваат својата работа.

Дебелината е еден од проблемите со кои се соочуваат многу непалски полицајци, кои откако ќе ја завршат обуката забораваат дека треба редовно да вежбаат. Органите на редот навеле дека часовите по јога ќе бидат достапни за припадниците во готово сите полициски станици во Непал. Портпаролот на полицијата рекол дека полицајците станале неактивни како резултат на непотребниот телесен развој. Полицајците вежбале јога во раните утрински часови, на кои најмногу внимание се посветува на „асанама“ која помага во намалување на тежината и намалување на обемот на струкот.