Италијанските полицајци имале тешка сообраќајка со службеното Ламборџини Гаљарди крај Кремоне. Патот им го пресекол мотоциклист кој излегувал од една бензинска пумпа. Возачот на Ламборџинито нагло свртел за да го избегне и удрил во друг автомобил. За среќа сите учесници во несреќата биле полесно повредени.


Ламборџинито е еден од двата супер брзи автомобили вредни по околу 150 илјади евра и кои имаат по 560 коњски сили. Достигнуваат брзина од 327 километри на час. Погонот им е на сите четири тркала, а моторот има десет цилиндри. Опремен е со видеосистем за автоматско препознавање на регистарските таблици и праќање фотографии во контролниот центар. Во гепекот има се за прва помош, ладилник за донирани органи и дефибрилатор за нормализирање на отчукувањата на срцето. Италијанската полиција започнала да ги користи за да ги стигне пребрзите криминалци.