Британските полицајци посетуваат курсеви по хипноза во рамките на новата програма за унапредување на службата. Тоа го прават со цел да можат да извлекуваат од криминалците што е можно повеќе информации. Оние што ќе го посетуваат курсот, кој ќе започне во јуни, ќе трае шест дена и ќе чини 1500 фунти, ќе ги научат најновите методи од оваа дисциплина.
Трошоците за оваа необична обука ќе ги сноси британското министерство за внатрешни работи. Едно официјално лице од Скотланд Јард го поздравило организирањето на овој курс и изјавило дека хипнозата при испитување на криминалците ќе се користи во случаите кога традиционалните методи нема да даваат резултати.