Британските полицајци од Маклесфилд ќе организираат кражби во куќите кои се потенцијално лесни мети за разбојниците. Така ќе ги припремаат граѓаните за блиски средби и можни незгоди со разбојниците. Ќе се обидат да ги отворат вратите и прозорците за да покажат колкава е можноста за провала во секоја од куќите. Инспекторот Герет Вудс изјавил дека будењето на сред ноќ би можело да вознемири некои од луѓето.


Од полицијата велат дека разумните луѓе ќе бидат благодарни кога ќе им се укаже колкава е безбедноста во нивните домови. Ќе бидат дискретни и нема да се обидуваат да ја отворат баш секоја врата. Со оваа акција ќе се подигне свеста за сигурноста на домовите. Крадците во повеќето од куќите кои биле ограбени влегле низ отклучени врати.