Полицајците во Билефилд, Германија, немале поим како да ги однесат побегнатите кози назад на фармата па ги врзале со лисици до доаѓањето на сопственикот Уве Стилер. Возачите повикале полиција за време на најголемата сообраќајна гужва бидејќи на една од улиците се појавило стадо кози кое побегнало од блиската фарма.


Потполно неспремни на такво нешто, полицајците некако успеале да ги соберат на едно место и за да ги задржат така ги врзале со лисици.
Еден од полицајците изјавил дека не се земјоделци, и дека не знаат ништо за животните и затоа со нив постапиле како со проблематичните луѓе.