Американски полицајци неколку години возеле автомобил без полициски ознаки во кој позади радиото имало скриено 200 грама кокаин. Заменикот на шефот на полицијата Паул Кенеди вели дека Фордот Таунус во 2000 година бил запленет од дилер на дрога. Запленетите возила постојано се претресуваат, но понекогаш нешто може да се пропушти.
Пред три недели механичарот поправајќи го автомобилот ги пронашол трите пакети со кокаин. Кенеди се сомнева дека некој ќе биде обвинет бидејќи поминало доста време.