Откако некое време слушале плачливи повици за помош, од стан во Њу Џерси, соседите одлучиле да повикаат полиција. Полицајците за кратко време стигнале, но никој не ја отварал вратата, провалиле во станот и тргнале во акција на спасување.
Но наместо расплакана домаќинка, полицајците нашле бел Какаду. Интересно е дека ова не е прв пат папагалот да ја натера полицијата да провалува во стан на сопствениците. Пред 7 години папагалот имитирал детски плач, а на вратата се појавиле членови од организација за заштита на деца.
„Папагалот голем дел од својот вокабулар го научи од бројните серии на шпански и англиски јазик, кои ги гледа по цел ден“ – вели сопственичката.