Еден жител на Полска се пошегувал со тамошната полиција пријавувајќи во својот двор црн пантер. Елитната вооружена единица речиси еден час го посматрала животното размислувајќи како да го уловат. Започнале да се приближуваат, а животното не реагирало.


Дури тогаш сватиле дека станува збор за плишана играчка. Портпаролот изјавил дека играчката од далеку изгледала како вистинско животно. Не е познато како го казниле човекот кој ја повикал полицијата.