Британската ретка дива орхидеја стара 100 години е чувана од полицијата 24 часа на ден за да не биде украдена откако овој месец ќе расцвета. Околу цвеќето биле поставени и надзорни камери, а полицајците ќе проверуваат секој час дали е се во ред.
Цвеќето исто така било и обележано и доколку некој го украде или се обиде да го продаде веднаш ќе биде уловен. Еден колекционер на орхидеи пред неколку години се обидел да го украде, но бил спречен во обидот. Оттогаш секоја година во периодот на расцветувањето цветот е чуван од полицијата.