Тројца полицајци од Дарвин доживеале интервенција која ќе ја паметат целиот живот. Биле повикани во хотелот Хампти Ду за да ја намалат бучавата, па за малку ќе останеле голи, боси и сексуално искористени, бидејќи девојки кои биле на моминска забава ги замениле за стриптизери.

-Такво нешто никогаш не доживеале. Девојките им довикувале разни нешта и им ги растргнувале кошулите. На нивна среќа побегнале без повреди – изјавил наредникот.

За жал никаде не е наведено што им велеле девојките, но лесно е да се претпостави што може да им се довикува на полицајци-стриптизери.