Полицаецот Љ.Т., вработен во СВР Охрид, вчера е уапсен од албанската полиција на преминот Ќафасан, поради поседување фалсификувани документи. Со него патувал уште еден  македонски државјанин, чиј идентитет не се соопштува.

При проверка на автомобилот со кој патувал приведениот пронајдени биле фалсификуван бугарски пасош, лична карта и возачка дозвола со фотографија на полицаецот, но под друг идентитет. Тој имал намера да замине за Италија преку Тирана. Судот во Албанија му одредил мерка притвор.

Ohridnews