Еден германски полицаец од местото Харц возел полициски автомобил 22 години без возачка дозвола за управување со патничко возило. Непоседувањето на возачка дозвола било откриено кога полицаецот се обидел да го обнови своето овластување за возење на патролното возило.
Во таа прилика се воспоставило дека полицаецот поседувал возачка дозвола, но само трактор и мотор. Полицијата во Магдебург го потврдила овој случај и соопштила дека против службеникот била започната дисциплинска и кривична постапка.